
Капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн се надева дека што поскоро ќе го собори рекордот на Вејн Руни по бројот на голови за Англија. Напаѓачот на Тотенхем ќе го предводи нападот на Англија на отворањето на Светското првенство во групата Б против Иран.
На Кејн му требаат само два гола за да ги израмни 53-те на Руни, а тоа е сосема реално да се случи во Катар.
„Се надевам дека ќе го подобрам рекордот што е можно поскоро“, изјави Кејн за новинарите во пресрет на првата средба на Англија со Иран.
Кејн на 75 натпревари постигна 51 гол за репрезентацијата на Англија.
„Знам дека луѓето ќе зборуваат за овој рекорд, но повеќе сакам да се фокусирам на мојата игра. Сигурен сум дека со тимот што го имаме ќе создаваме шанси и само треба да бидам подготвен да ги реализирам. Имав среќа да играм со Вејн, тој исто така беше одличен играч. Го гледав како игра на големи турнири и огромна чест е да се биде блиску до неговиот рекорд за Англија“, изјави Кејн.
На 29-годишна возраст, напаѓачот знае дека овој турнир е неговата најдобра шанса да го направи тоа што ниту еден капитен на Англија го нема направено откако Боби Мур го крена трофејот на Светското првенство во 1966 година.
„Ништо не можете да земете здраво за готово во фудбалот. Му се радувам на овој турнир, ние имаме навистина добар спој на искуство и младост во тимот. Којзнае каде ќе бидам на следниот по четири години, сега е моментот за големи нешта“, изјави Хари Кејн.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
