Connect with us

Оршиќ и Адеми го разочараа Ангеловски

Хрватскиот првак Динамо Загреб славеше со 0-1 на дуелот против Горица во хрватското првенство. Тимот што го предводи поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски беше на чекор да освои голем бод против шампионот, но така не мислеа Мислав Оршиќ и Аријан Адеми.

Во 92.минута, Адеми со долга топка асистираше до Оршиќ, а тој на вториот дирек успеа да се снајде и да ја затресе мрежата на Горица.

Стефан Ристовски не настапи на овој натпревар. Динамо Загреб сега го очекува дуел со Милан во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови