Connect with us

Кире Ристевски го раскина договорот со АЕЛ Лимасол

Македонскиот фудбалски репрезентативец Кире Ристевски заминува од кипарскиот прволигаш АЕл Лимасол. Како што објави клубот, двете страни спогодбено ја раскинале соработката.


„АЕЛ Лимасол ја информира јавноста дека соработката со фудбалерот Кире Ристевски е раскината со заедничка согласност. На фудбалерот му посакуваме се најдобро на професионален и личен план“, се вели во клупското соопштение.

Ристевски дојде на Кипар минатото лето од унгарскиот клуб Ујпешт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови