
Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски брзо ги освои симпатиите на фановите на Фенербахче, турскиот гигант со кој потпиша договор по една сезона мината во Саудиска Арабија. Тој демантира дека Елиф Елмас одиграл клучна улога и го убедил да му пристапи на Фенербахче.
„Елиф ми е одличен пријател од репрезентацијата на Македонија. Разговарав со него пред да дојдам во Фенербахче, но не е точно дека тој ме убедил да ја прифатам понудата. Јас и претходно сакав да дојдам во Турција. Тој е суперталентиран фудбалер кому му посакувам се најдобро во кариерата, а потоа ми честиташе за трансферот“, изјави Алиоски.
Тој истакна дека има роднини во Турција и од претходно знаел дека Истанбул е фантастичен град, а Фенербахче има неверојатни фанови.
„Сум бил во Турција и претходно, имам тука многу роднини кои живеат во Бајрампаша. Нашите култури се многу слични, а Истанбул е еден од најубавите градови во светот. Немам зборови со кои можам да ја опишам атмосферата на стадионот на Фенербахче. Отсекогаш сонував да играм за овој голем клуб“, истакна Џани Алиоски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по потписот на Еберечи Езе

Евро-фудбал
Челси го претстави Жоао Педро (ВИДЕО)

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички
