Connect with us

Стефан Спировски заминува во Пјуник

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски кариерата ќе ја продолжи во ерменскиот прволигаш Пјуник. Тој ќе му се придружи на Марјан Радески кој исто така ова лето се пресели во клубот од Ерменија.


Фудбалерот од средниот ред ќе стави потпис на едногодишна соработка.

Последен клуб на Спировски беше МТК кој испадна од елитата на Унгарија, а претходно настапуваше за Мариупол, АЕК Ларнака, Хапоел Тел Авив и за Ференцварош. Од македонските клубови, Спировски ги носеше дресовите на Вардар, Работнички и на Пелистер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови