
Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо сака да игра во Лигата на шампионите и бара излез од „Олд Трафорд“. Шпанскиот весник „Марка“ сензационално објави дека тој размислува за враќање во Реал Мадрид. Тој би можел да се врати на „Сантијаго Бернабеу“ каде настапуваше од 2009 до 2018 година и постигна рекорди кои долго нема да бидат надминати.
Роналдо има 37 години и уште една година од договорот на „Олд Трафорд“. Но, тој очајно сака да игра во Лигата на шампионите, а Манчестер Јунајтед тоа не може да му го обезбеди за претстојната сезона. Можеби и најреална е опцијата тој во моментот да се врати во Реал Мадрид.
Од друга страна, на Реал Мадрид му е потребен нов напаѓач откако не успеа да стигне до Килијан Мбапе и до Ерлинг Халанд. Првиот остана во ПСЖ, вториот направи трансфер во Манчестер Сити, па сега „кралевите“ ќе мора да се реорганизираат.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski