
Трансферот на Роберт Левандовски од Баерн Минхен во Барселона ќе се случи многу брзо, тврдат шпанските медиуми. Каталонците веќе подготвуваат понуда вредна 50 милиони евра, која треба да биде прифатена од раководството на баварскиот клуб.
Првите две понуди на Барса беа одбиени, но по последните потези на раководството за подобрување на финансиската состојба на клубот, „Камп Ноу“ може да си дозволи да ја понуди сумата што ја бара Баерн.
Тренерот Чави Хернандез имал разговор со претседателот Жоан Лапорта по Генералното собрание на клубот во четвртокот и уште еднаш инсистирал да ги доведе Роберт Левандовски и дефанзивецот на Севилја, Жул Кунде. Чави сака тие двајца да бидат во тимот за претсезонската турнеја во САД.
За Левандовски се интересираат и Челси и Пари Сен Жермен, но Полјакот е категоричен во желбата да се пресели во Барселона. Тој веќе ги договорил своите лични услови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан
