Претседателот на Барселона, Хоан Лапорта, ја критикуваше политиката на Пари Сен Жермен. Францускиот клуб веќе им ги украде Нејмар и Лионел Меси, а деновиве му зададе удар на Реал Мадрид во случајот со Килијан Мбапе.
„Фудбалерите кои отидоа таму со долгорочни договори се согласуваат да станат робови. За пари. Нејмар е еден од нив, а истото важи и за Меси. Сите сакавме тој да ја заврши спортската кариера кај нас. Но, тоа беше невозможно поради правилата на финансискиот фер-плеј и поради понудата на ПСЖ која пристигна. Зад овој клуб стои цела држава (Катар) и таму имаат многу пари“, изјави претседателот на Барселона.
Тој имаше коментар и за новиот договор на Килијан Мбапе.
„Новиот договор на Мбапе комплетно ќе го урне пазарот. На крајот играчите се „киднапирани“ со премногу пари. Сето тоа е спротивно на принципите на Европската унија“, додаде Лапорта.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













