
Реал Мадрид извиси за Килијан Мбапе, но тоа не значи дека нема на „Сантијаго Бернабеу“ да пристигнат нови квалитетни засилувања ова лето. „Кралевите“ се пред договор со Аурелиен Чуамени од Монако, а ќе има засилувања и за нападот.
Рахим Стерлинг е една од опцциите, но исто така и Рафаел Леао од Милан, кој е избран за МВП играч на сезоната во Серија А.
Португалецот имаше одлична сезона во дресот на Милан, постигна 11 гола и забележа 10 асистенции во Серија А, а има договор до јуни 2024 година. Реал Мадрид ќе се обиде да го купи за 120 милиони евра, иако отштетната клаузула во неговиот договор е повисока за 30 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski