Клубот со најбогати сопственици во светот, Њукасл, нема да може максимално да го искористи своето богатство во летниот преоден рок и да состави тим по вкус на менаџерот Еди Хау. На „чавките“ ќе им биде дозволено да потрошат само онолку пари колку што им пропишува финансискиот фер-плеј, а тоа е сума не поголема од 60 милиони фунти.
Целиот трансфер буџет на Њукасл би можел да биде потрошен на само еден фудбалер – Јаник Караско.
Според медиумите во Англија, фудбалерот на Атлетико Мадрид е апсолутен приоритет на Њукасл во летниот преоден рок. Клубот од „Сент Џејмс Парк“ е подготвен да им плати на „јорганџиите“ 60 милиони фунти за еден од омилените играчи на тренерот Диего Симеоне.
Белгискиот репрезентативец остави длабока трага во Атлетико Мадрид. 28-годишниот мина пет години во „црвено-белиот дрес“ и лани го освои трофејот во Ла Лига, беше стрелец во финалето на Лигата на шампионите во 2016 година кога Атлетико беше поразен од Реал Мадрид на пенали.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski