Албанската влада прогласи национален празник следната среда, кога во Тирана ќе се игра финалето на Лигата на конференциите меѓу Рома и Феенорд. Поради очекуваниот наплив на Италијанци и Холанѓани за финалниот меч, властите донеле одлука дека е подобро да биде неработен ден.
„Овој 25 мај ќе биде неработен ден за целата јавна администрација во Тирана и регионот на престолнината. Главниот град ќе биде пешачка зона како дел од мерките за соодветно да се организира еден од најголемите настани во Албанија“, изјави албанскиот министер за внатрешни работи, Бледи Чучи.
На натпреварот се очекува да присуствуваат околу 100.000 италијански и холандски навивачи.
Капацитетот на Националната арена во Тирана е „само“ 20.000 седишта.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal