Бразилскиот играч за врска Фернандињо, одлучи да го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната. Фернандињо откри дека нема да потпише нов договор со „граѓаните“ за кои настапува од 2013 година, кога дојде од Шахтјор.
„Нема да потпишам нов договор. Сакам да играм и сигурно ќе се вратам во Бразил“, изјави Фернандињо, кој претходно во својата татковина го носеше дресот на Атлетико Параненсе, а потоа додаде:
„Одлучив со семејството, тоа ми е најважно. Затоа, сигурен сум дека следната сезона ќе играм во Бразил“.
Пеп Гвардиола сакаше да остане, но 36-годишниот дефанзивен играч за врска одлучи поинаку, па Сити летово ќе мора да доведе барем еден нов играч за врска.
Иако Бразилецот оваа сезона немаше минутажа како во претходните сезони, неговото влијание во соблекувалната е големо, па ова е тежок удар за „граѓаните“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Левандовски на зима ја напушта Барселона?
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго













