Connect with us

Симон Кјаер ја доби наградата „Давиде Астори“ за херојството при спасувањето на Кристијан Ериксен

Репрезентативецот на Данска и фудбалер на Милан, Симон Кјаер, доби посебно одликување во Италија, откако влезе во Куќата на славните на оваа земја благодарение на неговиот подвиг на Европското првенство.


Кјер ја заврши најголемата работа летово во критичните моменти за животот на својот соиграч Кристијан Ериксен за да го спаси. Кога тогашниот фудбалер на Интер доживеа срцев удар, Кјер му го извади јазикот, го опколи со соиграчите и му овозможи на лекарскиот тим да си ја заврши работата.

Поради тоа доби аплаузи ширум светот, а наклонетоста ја покажаа и навивачите на Интер, најголемиот ривал на клубот во кој настапува.

Кјаер ја доби наградата „Давид Астори“, која го носи името на поранешниот капитен на Фиорентина, кој трагично почина на почетокот на март 2018 година и предизвика голема тага во Фиренца.

Тој рече дека му е чест што го добил големото признание, а осврнувајќи се на кобниот 11 јуни минатата година во Копенхаген, рече дека тие моменти ќе му останат во сеќавање додека е жив.

„Најважно е Ериксен да се чувствува добро. Опкружен е со семејството и го работи она што најмногу го сака – игра фудбал“, изјави Кјаер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови