Големото дерби на „Итихад“ меѓу Манчестер Сити и Ливерпул заврши без победник 2-2, но љубителите на фудбалот во целот свет можеа да уживаат во атомски фудбал. Сити водеше двапати со головите на Кевин де Бруин и на Габриел Жесус, но Ливерпул израмнуваше со головите на Диого Жота и на Садио Мане.
Ситуацијата на врвот на табелата остана идентична како и пред дербито, „граѓаните“ и понатаму имаат бод предност.
„Изгледаше како жесток боксерски натпревар“, изјави менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп по спектакуларниот меч. „Штом малку ги спуштите рацете, го симнете гардот, добивате силен удар. Каква игра! Дива! Интензитетот на играта беше ненормален. Резултатот е реален, со него можеме да живееме и едните и другите“, истакна германскиот стратег.
Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, изјави дека „не е крај на светот што Ливерпул не забележал победа“.
„Има и позитивни и негативни страни на овој резултат. Сè уште сме во трката за титулата, но Сити не испушта многу бодови. Ако се сопнат, ќе мораме да го искористиме тоа. Ќе се бориме до крај“, порача Хендерсон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Конте неочекувано си земал одмор од Наполи
Млади репрезентации
Ангелов пред дуелот со Шведска: Да извлечеме максимум од нашите можности
Евро-фудбал
Левандовски на зима ја напушта Барселона?
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













