Connect with us

Рома со пресврт до триумф над Салернитана (ВИДЕО)

Рома се изнамачи, но го доби дуелот против Салернитана на „Олимпико“ со 2-1. Гостите поведоа со голот на Иван Радовановиќ во првиот дел, а Рома направи комплетен пресврт во вториот дел, и тоа во финишот од дуелот.

Карлос Перез во 81.минута постигна прекрасен гол од дваесетина метри, а четири минути подоцна Крис Смолинг постигна победнички погодок.

Рома се наоѓа на петтото место на табелата во Серија А со 57 бода, пет помалку од четвртопласираниот Јувентус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови