
Женската А репрезентација на Македонија во април ги продолжува европските квалификации за пласман на Светското првенство што ќе се одигра во Австралија и Нов Зеланд 2023 година.
Во рамките на групата Д од европските квалификации, Македонија ќе одигра два меча против Англија и Луксембург. Дуелот против Англија ќе биде одигран на 8. април, на националната арена „Тодор Проески” во Скопје, со почеток од 20 часот.
На 12. април не очекува мечот против Луксембург, со почеток од 18 часот.
Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кирил Изов, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Викторија Панчурова (Тиверија), Магдалена Лекоска (Љуботен), Лина Самарџиевска (Вахјо Бх, Шведска);
Одбрана: Ане Бошеска (Тиверија), Ивана Николова (Тиверија), Теодора Ѓорѓиевска (Борец), Павлинка Николовска (Каменица Саса), Христина Јошевска (Каменица Саса), Јулија Живиќ (Риека, Хрватска), Даниела Велеска (Риека, Хрватска), Катерина Милеска (Деспина);
Среден ред: Сара Велкова (Тиверија), Елма Шемсовиќ (Борец), Хава Мустафа (Шкендија), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Елена Петровска (Љуботен), Александра Марковска (Љуботен);
Напад: Ангела Стојковска (Скопје 2014), Кристина Петрушевска (СЦ Истатов 2015), Радица Чонева (СЦ Истатов 2015), Јилза Максути (Ас Јунајтед), Афродита Салихи (Скопје 2014);

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по потписот на Еберечи Езе

Евро-фудбал
Челси го претстави Жоао Педро (ВИДЕО)

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички
