Македонија, за жал, нема да го искуси Светското првенство во Катар. Португалците беа поквалитетни, посилни, повеќе покажаа на дуелот во „Драгао“, постигнаа два гола преку Бруно Фернандеш. Ќе ја паметиме долго оваа авантура, ќе раскажуваме дека стигнавме на чекор до мундијалот, но и ќе знаеме уште колку многу треба да се работи за да се стигне до врвот на европскиот и светскиот фудбал. Го победивме европскиот првак Италија во Палермо, но, мора да си признаеме дека се уште сме далеку од тоа нивно, врвно ниво.
Она што треба нас да не радува е дека фудбалерите ни го покажаа патот. Иако не стигнаа на Светско, нивните успеси не се случајни. Ех, да сме сите сплотени, како што се фудбалерите. Да се бодриме, да си помагаме, заедно да се радуваме, заедно да тагуваме…
Првиот чекор и ние го направивме. Бевме како едно, во навивањето, во желбата и страста, фудбалерите сите нас не обединија. Од денеска, се враќаме на нашиот македонски фудбал, на Ренова, Велешта, Слога Виница, Братство Житоше, и ќе гледаме како се мачат Пелистер и Вардар.
Ќе се вратиме во реалноста со теренот во Штип или со соблекувалните на секој наш стадион од Првата лига, со валканите трибини, недоправените огради, скршените столчиња, секој со своите илузии дека е „добар“ и заслужува да излезе во Европа…за да ја мине и следната сезона со парите од првото европско коло.
Да не се лажеме, убаво беше да се залажуваме, и да уживаме….Но, не сме ние (се уште) за на Светско!
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski