МАКФУДБАЛ во Палермо,
Селекторот Благоја Милевски вели дека играчите ги заслужуваат сите почести за вечерашниот успех. Вели ги победивме Италијанците на нивни начин.
„Ги победивме Италијанците на италијански начин, со гол постигнат по само два удари од целиот натпревар. Пресреќен сум за оваа победа, горд сум на моите момци.Им реков на момците да уживаат и ме послушаа. Секоја чест за нив, но и за Италија која беше одличен ривал. Сега одиме на Португалија, вечерва ќе славиме, но потоа ќе се подготвиме силно. Тоа е последната пречка пред СП“ – рече Милевски по натпреварот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski