
Фудбалската репрезентација на Португалија доби уште еден непријатен удар. За неколку дена избраниците на Фернандо Сантош ги очекува полуфиналето од баражот против Турција, а големо прашање е во кој состав ќе излезе европскиот шампион од 2016 година.
Последен во низата кој нема да може да помогне е искусниот стопер на Порто, Пепе, кој е позитивен на коронавирус. Ако се знае дека го нема и Рубен Дијаз, поради повреда, големо прашање е кој ќе игра во последната одбранбена линија.
Освен на двајцата стопери, селекторот Фернандо Сантош нема да може да смета и на Жоао Кансело, Нелсон Семедо, Ренато Санчез и на Рубен Невеш.
Натпреварот меѓу Португалија и Турција се игра в четврток, на стадионот „Драгао“ во Порто, а победникот во финалето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Италија и Македонија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Луис Суарез нема да остане во Интер Мајами

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
