
Фудбалската репрезентација на Македонија е пред еден од најважните натпревари во последните неколку години. После настапот на Европското првенство, желбата на македонските фудбалери е да се пласираат и на мундијал. Ѓаволски тешка беше ждрепката, а прва пречка е европскиот првак Италија.
Но, фудбалерот на Леванте, Енис Барди, вели дека во денешниот модерен фудбал нема фаворити и дека Македонија ќе ја бара својата шанса во Палермо.
„Нема фаворити во денешниот фудбал иако знаеме која е Италија. Ние веруваме во нашите квалитети, ќе ни недостигаат Елиф Елмас и Тихомир Костадинов, но ќе играме и за нив. Најважно е да сме максимално фокусирани и да ги извршиме задачите што ќе ни ги даде селекторот. Свесни сме дека ова е еден од најважните натпревари кои сме ги играле воопшто и ќе дадеме се од себе за да успееме“, изјави Енис Барди.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 ремизираше (2-2) против Унгарија

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
