Фудбалската федерација на Македонија го одржа Редовното годишно собрание на кое беа присутни 55 од вкупно 58 делегати. Исто така беа присутни и претставниците на ФИФА и на УЕФА, Чарлс Борман и Денис Бастари.
На денешното Собрание на ФФМ беше потврдена измената за системот на натпревари. Првата лига во сезоната 2022/23 ќе остане со 12 клубови, но ќе се формира единствена Втора лига со 16 клуба. Пополнувањето на елитата ќе остане идентично, а оваа сезона од двете Втори лиги ќе испаднат трите последни екипи од двете конкуренции. Согласно учесниците ќе бидат формирани и Третите лиги.
Усвоен е стратешкиот план за развој на фудбалот од 2021 до 2025 година.
„Ова Собрание можеше да биде одржано во многу попразична атмосфера, но судбината ни го зема Марио Ѓурчиновски. Фудбалската федерација секогаш ќе остане неговиот дом. Горд сум на успесите што ги направивме во изминатиот период. Би сакал да им порачам на сенирските репрезентативци – Предизвикајте го европскиот првак Италија, ние веруваме во вас. Исто така, веруваме и во нашата млада репрезентација до 21 година, како и сите помлади селекции. Ќе продолжам да работам на терен за доброто на македонскиот фудбал. Имаме план и програма и одиме чекор по чекор. Нашата цел е да продолжиме да вложуваме во инфраструктурата, но и да ја поттикнеме локалната самоуправа. Генералната стратегија „Обединети од фудбалот“ треба да биде нашата водилка, не можеме да живееме на стара слава. Се разбира, помош им треба и на клубовите, реализиравме проекти за подобрување на инфраструктурата. Ме радува тоа што имаме потенцијал за нови успеси“, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
Фудбалската федерација на Македонија остварила приход од 19 милиони евра, а најголемиот дел од нив се инвестирани во подобрување инфраструктурата и на опслужување на фудбалските репрезентации. На крајот на годината, ФФМ остварила добивка од 4,3 милиони евра.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski