
Изборот за „Златната топка“, најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот, ќе претрпи неколку измени. Најголемата е што наградата повеќе нема да се доделува за една календарска година, туку ќе биде усогласена со фудбалските сезони во Европа, па наградата ќе биде доделена на најдобриот играч на сезоната.
„Ова е можност да се даде нов поттик на наградата. Порано го наградувавме најдобриот играч во две полусезони, а сега ќе биде полесно да се открие кој е најдобар бидејќи ќе се гледа само една сезона“, изјави уредникот на „Франс Фудбал“, Паскал Пер.
„Златната топка“ се доделува на крајот на календарската година од нејзиното основање во 1956 година. Покрај промената околу календарот, се воведува и построго жири, појасна процедура за предизбор и појасни критериуми за доделување. Жирито наместо досегашните 170, сега ќе вклучува 100 новинари од 100-те најдобри репрезентации на ранг-листата на ФИФА. Индивидуалните настапи ќе бидат критериум број еден на доделувањето, пред освоените трофеи.
„Целта е да се избегнат нејаснотии и да се биде доследен. „Златната топка“ е индивидуална награда и се заснова на индивидуални перформанси“, рече Пер.
За најдобар минатата година беше прогласен Лионел Меси, а „Франс Фудбал“ беше нападнат од фудбалската јавност, која сметаше дека наградата многу повеќе ја заслужи Роберт Левандовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
