
Легендарниот бразилски фудбалер Роберто Карлос денеска ќе игра за англиски тим Bull in the Barne United, откако клубот победи на лицијатицијата „Дрим трансфер“ која беше организирана на продажната мрежа „Ибеј“.
Овој аматерски клуб имаше голема среќа и вечерва ќе биде во центарот на вниманието на англиските и на светските медиуми, бидејќи во неговиот дрес ќе игра славниот Роберто Карлос.
Прославениот Бразилец, кој во кариерата беше и светски првак, има 48 години, но тоа не му пречеше да учествува на оваа „аукција“ што ја организира „Ибеј“ и на тој начин да го облече дресот на Bull in the Barne United. Интересно е што овој клуб го добил името по локален паб.
Нема сомнеж дека ова ќе биде одличен маркетиншки потфат. Сите посетители кои сакаат да го гледаат натпреварот ќе треба да платат билет од пет фунти, а собраните пари ќе бидат пренасочени во хуманитарни цели.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
