Челниците на украинскиот фудбал побараа одложување на баражот против Шкотска за пласман на Светското првенство во Катар. УЕФА потврди дека примила вакво барање, кое најверојатно ќе биде усвоено.
Причината за барањето на Украина е повеќе од јасно, руската агресија на нивната земја.
Украинците во полуфиналето од баражот треба да се сретнат со Шкотска на теренот на противникот, а во случај да победат во финалниот дуел за пласман на СП би играле со подобриот од мечот меѓу Велс и Австрија.
„Како да играме фудбал и да се подготвуваме за овие важни натпревари кога со пушки си ја браниме државата“, соопштија од Фудбалската федерација на Украина.
Полуфиналните средби од плејофот за СП во Катар се закажани за 24 март.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













