Роман Абрамович официјално потврди дека ќе го продаде европскиот шампион Челси и ќе стави крај на успешните 19 години во лондонскиот клуб. Тој потенцира дека сите пари од продажбата ќе ги донира на добротворни организации за сите жртви од војната во Украина.
„Би сакал да се осврнам на шпекулациите во медиумите во последните неколку дена околу моето сопствеништво на Челси. Како што кажав порано, секогаш сум ги носел одлуките во најдобар интерес на клубот и во сегашната ситуација направив одлука да го продадам клубот, бидејќи тоа е во најдобар интерес на клубот, фановите, вработените, спонзорите и партнерите на клубот. Продажбата нема да биде итна, туку според процес. Нема да барам враќање на долговите на клубот, бидејќи ова никогаш не било за бизнис и пари за мене, туку за чиста страст за фудбалот и клубот. Го советував мојот тим да организира добротворна организација каде што ќе одат сите пари од продажбата и ќе се користи за доброто на сите жртви од војната во Украина. Ова вклучува клучни фондови за итната помош на жртвите, како и за долгорочните процези за опоравување Ова беше многу тешка одлука и ме боли што се разделувам со клубот на овој начин, но ова е во најдобар интерес. Се надевам дека уште еднаш ќе го посетам ‘Стемфорд Бриџ’ да се простам со вас уште еднаш лично. Беше привилегија да се биде дел од Челси и горд сум на сите заеднички успеси. Челси и фановите ќе бидат секогаш во моето срце. Ви благодарам, Роман“, се вели во личната порака на рускиот милијардер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













