Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, би можел да биде еден од главните кандидати за нов менаџер на Манчестер Јунајтед следното лето, пренесува „ЕСПН“.
„Црвените ѓаволи“ во моментов ги води Ралф Рангник, кој е привремен тренер, а раководството веќе потврди дека бара постојано решение.
За сериозни кандидати за менаџерската позиција на „Олд Трафорд“ се сметаат Ерик Тен Хаг и Маурисио Покетино, но Карло Анчелоти изненадувачки би може да стане прв фаворит.
Ова е опвцја доколку Реал Мадрид одлучи да го отпушти Анчелоти и на почетокот на следната сезона го доведе Маурисио Покетино. Во таков случај Италијанецот може да избие како прв фаворит за клупата на Манчестер Јунајтед.
Анчелоти е еден од најтрофејните тренери во светот и има големо искуство во Премиер – лигата, а и ужива голема доверба и од Сер Алекс Фергусон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













