Манчестер Сити го доби дербито со Челси со 1-0, а човек на одлука беше белгискиот интернационалец Кевин де Бруин. Тој го постигна победничкиот погодок во 70.минута и на својот тим му обезбеди уште поголема бодовна предност на врвот на табелата во Премиер – лигата.
Кепа Аризабалага беше на виско ниво во првиот дел. Спречи водство на Сити по шутот на Џон Стоунс, а потоа му одбрани зицер и на Џек Грилиш пред крајот на првото полувреме.
Моментот на одлука беше во во 70. минута. Де Бруин шутираше од далечина и успеа да ја затресе мрежата на Челси.
Сега „граѓаните“ имаат огромни 13 бода позитива во однос на Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













