
Шкендија има сериозно заостанување зад лидерот Шкупи во првенството, па затоа Купот на Македонија е шанса тимот од Тетово да освои трофеј. Избраниците на Бруно Акраповиќ денеска (13 часот) во Тетово ја пречекуваат Струга Трим Лум во четвртфиналето и веруваат во пласман меѓу четирите најдобри.
„Во прелиминарните фази на Купот одигравме одлично, во првото коло победивме со 2-0, додека во осминафиналето бевме убедливи против Ренова и славевме со 5-0. Но, како што напредуваме во следната фаза од Купот, искушенијата стануваат се потешки. Уште потежок е фактот што се игра само еден натпревар и затоа мора да бидеме внимателни бидејќи една грешка може многу да не чини. Добро го познаваме струшкиот тим, годинава имавме пресметка против нив кога ремизиравме во Струга (1-1), но овојпат мечот се игра во Тетово, верувам дека можеме да победиме и да се пласираме во полуфиналето“, вели Аденис Шала кој беше стрелец против Македонија ЃП.
Струга Трим Лум се надева дека може да направи изненадување и да ја елиминира Шкендија во Тетово.
„Ќе биде тежок натпревар. Се знае квалитетот и фондот на играчи со кои располага Шкендија, но знаејќи дека се игра еден натпревар, треба да го дадеме максимумот и да бидеме внимателни да го извлечеме најдоброто за нас“, вели Буњамин Шабани.
На останати три натпревари од четвртфиналето на Купот на Македонија, се среќаваат: Македонија ЃП – Шкупи, Силекс – Брегалница, Пелистер – Вардар (13 часот).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Сорлот влезе во историјата на Ла Лига (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)
