
Најтрофејниот македонски клуб Вардар му гостува на својот „вечен“ ривал Пелистер во чевртфиналето на Купот на Македонија. Иако во моментот се далеку од врвот на македонскиот фудбал, сепак, дуелите меѓу овие два клуба секогаш предизвикуваат посебно внимание. Така ќе биде и денеска (13 часот) под „Тумбе кафе“.
Вардар за првпат оваа сезона е во второлигашка конкуренција и се бори за враќање во елитата, но доби два силни удари со поразите од Силекс и од Воска. Во Купот гледа рехабилитација и спас на сезоната иако и понатаму враќањето во Првата лига е главниот приоритет.
„Ова е најголемото македонско дерби и без разлика на позициите во кои се наоѓаат двата клуба, секако носи посебен предизвик. Вардар сака да се пласира во полуфиналето на Купот и иако се игра еден меч, во Битола, подготвени сме за надигрување“, вели капитенот Дејан Блажевски.

Пелистер не е ништо подобар, напротив, се наоѓа на дното од прволигашката табела, без ниту една победа. Во минатото коло од Купот го елиминира Работнички по изведување пенали, а се надева дека ќе успее да триумфира и денеска против Вардар, па да се најде меѓу четирите најдобри екипи во најмасовното фудбалско натпреварување.
На останатите три натпревари од Купот на Македонија се среќаваат: Шкендија – Струга Трим Лум, Македонија ЃП – Шкупи, Силекс – Брегалница.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Сорлот влезе во историјата на Ла Лига (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)
