
Лионел Меси ја освои „Златната топка“ синоќа во Париз, иако таа одлука предизвика огромни негодување и многумина сметаат дека Роберт Левандовски повеќе го заслужил ова признание. Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека „виновни“ се новинарите кои гласале.
„Меси како Меси, тој секогаш е меѓу најдобрите и не е грешка да му се додели награда, но ако не можеа да му ја дадат „Златната топка“ на Левандовски оваа сезона, тогаш нема никогаш да ја добие“, рече Клоп.
Еден од присутните новинари го праша Клоп какво е неговото мислење за Мохамед Салах, кој заврши само на седмото место на најдобрите светски играчи за изминатата година.
„Искрено, бев изненаден, но тоа не беше мој избор. Мислам дека новинарите гласаат, така што вината е ваша, ваша и само ваша. Треба да ги убедите вашите колеги во поинаков избор ако мислите дека Салах заслужил поголема позиција од седмата“,

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
