Напаѓачот на Баерн Минхен и на репрезентацијата на Полска, Роберт Левандовски, е добитник на новововедената награда „Голгетер на годината“ на церемонијата на „Франс Фудбал“. Ова е оценето како алиби-награда за Полјакот, кој дефинитивно заслужи многу повеќе со своите игри, сепак, да добие некое признание. По ова е сосема очигледно дека шпекулациите ќе се покажат точни, Лионел Меси ќе ја добие наградата „Златна топка“, седми пат во неговата кариера.
Левандовски дефинитивно заслужи „Златна топка“, а скандалот се случи минатата година кога церемонијата не се одржа поради глобалната ситуација во светот со коронавирусот.
„Минатата сезона беше врвна, но одлуката да се откаже „Златната топка“ беше срамна. Но, среќен сум што повторно сум овде“, изјави Левандовски во пресрет на почетокот на вечерашната манифестација во Париз.
The striker of the year award goes to… Robert Lewandowski ! 🦾 #ballondor pic.twitter.com/OEy9mlSjki
— Ballon d'Or #ballondor (@francefootball) November 29, 2021
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













