Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен доживеа срцев удар летово на натпреварот од ЕП против Финска, но, сепак, најверојатно ќе продолжи да игра фудбал. Тој мора да замине од Италија, а ќе се врати во својот поранешен клуб Ајакс.
Поранешниот играч на Тотенхем едвај преживеа, а потоа му беше вграден дефибрилатор. Поради ова, тој нема да може да продолжи да игра во Италија и ќе мора да го напушти Интер.
Фудбалерот од средниот ред треба да се врати во Холандија во тимот на Ајакс за кој настапуваше од 2009 до 2013 година кога замина во Лондон и потпиша за Тотенхем.
Ериксен кариерата ја започна во младите категории на Одензе. За Интер одигра 60 натпревари на кои постигна осум гола и запиша три асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal