Во Јувентус владее голем страв поради истрагата за книговодствената измама за која се сомничат првите луѓе на клубот на чело со Андреа Ањели. Она што дополнително ги загрижува навивачите е изгледот на табелата. По поразот од Аталанта, „старата дама“ е на седум бода од Лигата на шампионите. Со оглед на загубите, финансиската состојба, Јувентус доколку по една деценија отсуствува од европската елита би бил во големи финансиски проблеми.
Медиумите денеска пишуваат дека освен Кулушевски, Рамзи, Рабио, кои се веќе на листата за продажба, клубот би морал да се откаже и од некои од големите ѕвезди.
Две имиња се најбарани на европскиот трансфер пазар. Едниот е Киеза за кого Челси онуди богатство, а вториот е дефанзивецот Де Лихт.
Холанѓанецот игра се подобро, но тоа не е доволно за да се спречат неволјите на Јувентус кои, како што тврдат Италијанците, се предизвикани од ненадејното заминување на Роналдо и лошите решенија во навалната линија.
Можеби „лекот“ се вика Душан Влаховиќ, но во оваа ситуација тешко е да се очекува Србинот да заврши во Торино со ваквите финансиски проблеми на „бјанконерите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













