Connect with us

Мејсон Маунт ќе го направи најголемиот потрес во Премиер – лигата?

Англискиот репрезентативец Мејсон Маунт се подготвува за спектакуларен трансфер. Ќе остане во Премиер – лигата, но ќе го напушти Челси и ќе се пресели во Ливерпул. Ова би бил навистина изненадувачки развој на настаните за момчето кое израсна на „Стемфорд бриџ“.


Маунт е дете на Челси и во текот на неговиот развој беше на позајмица во Витесе и во Дерби Каунти, но по враќањето се етаблираше како еден од најдобрите играчи во составот на Челси. Сепак, извор близок до младиот играч за врска за англиските медиуми откри дека Маунт е несреќен во Челси и дека му е потребен чекор напред во кариерата.

22-годишниот играч од средниот ред е обврзан со договор со Челси до 2024 година. Јирген Клоп би сакал да го доведе на „Енфилд Роуд“, а Маунт сериозно размислува за промена на средината.

Еден таков трансфер се случи далечната 2013 година кога Даниел Стариџ се пресели од Челси во Ливерпул. Подоцна по истиот пат тргна и Доминик Соланке, но, сепак, заминувањето на Мејсон Маунт би направило голем потрес во Премиер – лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови