„Призма“ е кодното име на акцијата започната во мај, што и го даде италијанското државно правобранителство на најголемата афера во италијанскиот фудбал од Калчополи во 2006 година. И во двете афери, главен антихерој е Јувентус.
„По наредба на Државното обвинителство, полицајците од Даночната управа од денеска вршат претрес во канцелариите на фудбалскиот клуб Јувентус во Торино“, соопшти доцна синоќа државното обвинителство во Торино.
„На службениците на економската и на финансиската полиција задолжени за истрагата во овој случај им беше наредено да најдат и да издвојат документација и други корисни докази поврзани со финансиските извештаи на клубот од 2018 до 2021 година, особено оние поврзани со купување и продавање играчи. Во моментов истрагата е насочена кон докажување на сторени кривични дела, лажно рекламирање, трансакции и непостоечки трансакции на раководството на клубот, поточно на раководителите на деловните, финансиските и спортските сектори на Јувентус“, соопшти државното правобранителство.
Италијанските медиуми додаваат дека трансакциите на Јувентус вредни околу 50 милиони евра се под истрага на полицијата на Даночната управа, а шестмина водечки луѓе на клубот во споменатиот период се осомничени за фалсификување трансакции и финансиски извештаи. Меѓу нив се претседателот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед, до неодамна спортскиот директор Фабио Паратичи, кој во меѓувреме се пресели во Тотенхем, и уште тројца сегашни и поранешни функционери на Јувентус задолжени за финансиите на клубот. Сите тие се под истрага за фалсификување клупско сметководство и лажно фактурирање.
Како клуб е осомничен и Јувентус на кој исто така му се заканува обвинение, како што стои во италијанскиот Закон за корпоративна одговорност.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026













