Тотенхем е заинтересиран во зимскиот преоден рок да го доведе заборавениот човек на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард. Менаџерот Антонио Конте верува дека тој одлично би се вклопил во неговиот тим и сака да реагира побрзо од Њукасл, Евертон и Вест Хем, кои исто така сакаат да го имаат повремениот репрезентативец на Англија.
Лингард минатата сезона беше на позајмица во Вест Хем, но избра да се врати во Јунајтед откако доби ветување од сега веќе поранешниот менаџер Оле Гунар Солскјаер дека ќе игра повеќе. Но, тоа не се оствари и тој сериозно размислува за својата иднина.
Договорот на Лингард со Јунајтед истекува на лето и тоа би го направило особено привлечна перспектива за голем број клубови.
Неуспехот на Тотенхем од Мура од Словенија дополнително го разбесни Антонио Конте, а посебно е незадоволен од играта на Деле Али. Тој веднаш побара од директорот Фабио Паратичи да се насочи кон друг играч за врска на пазарот, а Деле Али најверојатно ќе биде продаден.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026













