Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Фернандо Сантош, е убеден дека неговата селекција ќе избори пласман на Светското првенство и покрај неповолниот ждреб која ги поврза со европскиот шампион Италија.
Португалија се уште не се опоравила од поразот од Србија пред неполни две недели, а попладнево ја погоди нова мака – на пат кон Мундијалот сигурно ќе се судри со Италија.
Ќе мора претходно да ја елиминира незгодната Турција, додека „аѕурите“ ќе играат против Македонија.
Сантош, сепак, не отстапува од оптимизмот.
„Пред се, мораме да се фокусираме на елиминација на Турција. Тоа е важен натпревар за влез во финале и мораме да го добиеме. Има позитивни аспекти од ждребот, а тоа е можноста да играме дома, но за тоа ние треба да ја победиме прво Турција“, рече Сантош.
Тој изјави дека целиот фокус е на март.
„Турција има добри играчи. Некогаш функционираат добро како тим, некогаш не. Тоа е репрезентација која секогаш ги надминува тешкотиите. Убеден сум дека ќе бидеме на Светското првенство“, заклучи Сантош.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026













