Ралф Рангник е менаџерот што ќе го преземе тимот на Манчестер Јунајтед од следната седмица. За него неверојатно добро мислење има сонародникот кој го предводи Ливерпул, Јирген Клоп. Тој вели дека Рангник „од ништо ги создаде Хофенхајм и Лајпциг“.
Без разлика што треба да остане кратко на „Олд Трафорд“, до крајот на сезоната, тој ќе бара максимален ангажман од фудбалерите.
„Треба да бидете свесни каков фудбал сакате да играте. Оној со „малку пресинг“? Ајде, ве молам. Што значи малку пресинг? Малку пресинг е како да кажеш дека некој е ’малку труден’. Или си бремена или не си! Епа, сакаш да играш пресинг или не сакаш? Нема друго“, изјави Рангник за германските медиуми додека беше тренер на Лајпциг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal