Осман Дембеле секој ден е се поблиску до заминување од Барселона, објави каталонскиот „Мундо Депортиво“. Францускиот фудбалер има договор до крајот на сезоната и за 35 дена може слободно да почне да преговара со други клубови.
„Мундо Депортиво“ пишува дека фаворит за негово доведување е англискиот премиерлигаш Њукасл, кој од неодамна е клуб со најбогати сопственици во светот.
„Дембеле веќе ја има на маса астрономската понуда на Њукасл, понуда која Барселона не може да ја исполни. Му нудат 15 милиони евра годишно, уште 15 милиони доколку дојде во јуни како слободен играч и му понудија провизија на неговиот агент. Дембеле изгледа си заминува“, пишува каталонскиот весник.
Дембеле беше доведен во Барселона пред четири години од Борусија Дортмунд за 135 милиони евра, а повеќе време поминуваше во болниците во Каталонија отколку на теренот. Како резултат на тоа, неговата вредност падна на околу 50 милиони евра.
Новиот тренер на Барселона, Чави Хернандез, се обидува да го убеди Дембеле дека би бил важен играч во Барселона доколку го продолжи договорот и дека може да стане најдоброто крило во светот. Сепак, Дембеле и луѓето околу него мислат дека заминувањето е подобра опција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













