Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ кој игра во неверојатна форма во дресот на Фиорентина е цел на многу европски клубови, а сега во трката сериозно се вклучува и Манчестер Јунајтед.
Договорот на Влаховиќ со Фиорентина истекува во јуни 2023 година, а бидејќи тој одби да потпише нов, можно е да го напушти клубот веќе во зимскиот преоден рок. Доколку тоа не се случи, тогаш речиси е сигурно дека ќе замине следното лето.
Манчестер Јунајтед е последен во низата великани кои се заинтересирани за него. Фиорентина за српскиот репрезентативец бара 80 милиони евра. Влаховиќ во Фиорентина е од 2018 година.
Претходно интерес за него покажаа и Јувентус, Арсенал, Манчестер Сити и Тотенхем. Италијанските медиуми пишуваат дека Фиорентина повеќе би сакала да го продаде Влаховиќ во странство отколку на ривалот Јувентус, кој претходно го „киднапираше“ и Федерико Киеза.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах













