
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, признава дека Милан беше подобар ривал на синоќешниот дуел на „Ванда Метрополитано“ и дека сосема заслужено победи со 0-1 во натпревар од петтото коло од групата„Д во Лигата на шампионите. Сега шпанскиот првак ќе има многу потешка задача да се избори за место во осминафиналето.
„Милан беше подобар од нас во секој поглед. Работите не функционираа. Резултатот е лош. Останува уште еден натпревар и ќе се бориме до крај“, изјави разочарано Гризман.
Во последното коло на 7 декември, Атлетико Мадрид ќе гостува кај Порто, а Милан на „Сан Сиро“ ќе игра против Ливерпул. Англискиот тим е првопласиран со 15 бода, Порто има 5, а Милан и Атлетико Мадрид по 4 бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако
