Манчестер Сити го совлада Пари Сен Жермен со 2-1 и му возврати за поразот во Париз. Тимот на Пеп Гвардиола имаше негатива откако Килијан Мбапе погоди во 50.минута, но откако Габриел Жесус влезе во игра, асистираше за израмнувачкиот погодок на Рахим Стерлинг во 63.минута, а потоа самиот го постигна победничкиот гол во 76.минута.
Милан успеа да го победи Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“ со 0-1 со голот на Жуниор Месијас во 87.минута и го оживеа шансите за пласман во осминафиналето. Во последното коло го пречекува Ливерпул кој веќе има обезбедено пласман во осминафиналето.
Бобан Николов одигра половина час за Шериф Тираспол против Реал Мадрид, но овојпат „кралевите“ не дозволија изненадување и беа убедливи. Славеа со 0-3, со головите на Давид Алаба од слободен удар, Тони крос и на Карим Бензема. Интер е во осминафиналето на ЛШ, а Шериф продолжува во Лигата на Европа.
Ливерпул го победи Порто со 2-0 на „Енфилд Роуд“ со спектакуларниот гол на Тијаго Алкантара, како и погодокот на Мохамед Салах.
Лајпциг за половина час му даде три гола на Клуб Бриж во Белгија, а до крајот славеше со 0-5. Спортинг Лисабон ја победи Борусија Дортмунд со 3-1. Португалскиот клуб со овој триумф обезбеди пласман во нокаут фазата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах













