
Германскиот репрезентативец Џошуа Кимих е најновиот фудбалер на Баерн Минхен кој е позитивен на Ковид-19. Тој е меѓу тројцата невакцинирани во тимот, а претходно вирусот го „закачи“ и Ерик Максим Чупо Мотинг.
Очигледно дека коронавирусот во Баерн Минхен навлезе длабоко, а посебно настрадаа оние кои одбија да се вакцинираат. Претходно, невакцинираните фудбалери не смееја да се возат со клупскиот автобус и да престојуваат во хотел со останатите од тимот.
Џошуа Кимих е еден од главните антиваксери во германскиот и во европскиот фудбал воопшто. Тој пред еден месец изјави дека нема да дозволи да биде внесена во неговото тело супстанца која се уште не е доволно испитана.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
