
Шериф Тираспол го направи најголемото изненадување оваа сезона во Лигата на шампионите со триумфот (1-2) на гости против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Тој успех одекна бомбастично во европскиот фудбал, а вечерва тимот на македонскиот репрезентатиец Бобан Николов ќе ги пречека „кралевите“ во Молдавија. И сите се прашуваат, има ли сили Шериф да го повтори успехот?!
Молдавскиот клуб се уште има шанси за пласман во нокаут фазата, потребен му е успех на денешниот натпревар, надевајќи се и дека Интер нема да успее да го победи Шахтјор Доњецк. Украинскиот тим е последнопласиран во групата со само еден освоен бод.
Дербито на вечерта се игра во Манчестер. На „Итихад“ ќе се сретнат Манчестер Сити и Пари Сен Жермен. „Светците“ славеа на првиот дуел во Париз со 2-0, а сега Пеп Гвардиола и „граѓаните“ сакаат одмазда.
Атлетико Мадрид го пречекува Милан на „Ванда Метрополитано“ и важи за фаворит, а истовремено се надева дека Ливерпул ќе го совлада Порто на „Енфилд“ за да успее да стигне до втората позиција во пресрет на последното коло во групата.
Спортинг Лисабон е домаќин на Борусија Дортмунд, а Бешикташ во Истанбул го пречекува Ајакс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако
