
Борусија Дортмунд сака да го задржи својот најдобар стрелец Ерлинг Халанд за кого се заинтересирани најголемите европски клубови. Ќе се обиде тоа да го направи со понуда за продолжување на соработката со огромно зголемување на неговата плата.
Халанд моментално се опоравува од повредата на колкот и под знак прашалник е дали годинава ќе се врати на терените за клубот за кој одигра 69 натпревари, со ефект од 70 гола и 19 асистенции.
Следното лето Норвежанецот може да го напушти клубот доколку се најде заинтересирана страна која за него би платила 75 милиони евра. Според медиумите ги има неколку такви клубови во повеќето од најсилните европски лиги.
Борусија веќе објави дека не е подготвена да се откаже од него без борба, а медиумите сега откриваат каков е планот на клубот. „Милионерите“ се подготвени да му ја зголемат платата од девет на 18 милиони евра по сезона за да остане и следната сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
