
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, е подготвен за настап на утрешниот диел од Лигата на Европа против белгиски Генк. За Динамо Загреб тоа е многу важн натпревар за да обезбеди пролетни настапи во европското натпреварување.
Тој по еден и пол месец се врати на терените изминатиот викенд откако паузираше подолг период по повредата што ја заработи на мечот меѓу Македонија и Германија.
„Повредите ме измачија оваа година. Колку можам да помогнам утре? Ќе видиме, ќе играм колку што треба. Не сакам кога постојано се потенцира дека јас премногу му недостигам на тимот. Но, кога тимот не е комплетен, секако не може да се очекува премногу“, изјави Адеми.
Динамо Загреб го победија Генк на гости со 0-3, а нов триумф би значел и пласман во 1/16 – финалето од Лигата на Европа.
„Победата во Белгија беше голем резултат, но можеби беше и нереален со оглед на случувањата. И Генк имаше одлични шанси, тоа е многу квалитетен тим. Знаеме дека нема да биде лесно. Но, ние сме подготвени и веруваме во успех“, дополни Адеми.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако
