
Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед е во потрага по нов менаџер, а Мајкл Керик привремено го води тимот по разделбата со Оле Гунар Солскјер. Раководството на „црвените ѓаволи“, според медиумите на Островот, остварило контакти со десетина менаџери.
Јунајтед ги контактирал Роберто Манчини, Ралф Рангник, Зинедин Зидан, Маурисио Покетино, Хулен Лопетеги, Брендан Роџерс, а на списокот е и Унаи Емери.

Манчини го одбил англискиот клуб, со оглед дека тој има обврска да ја одведе Италија на Светското првенство во баражот во март идната година. Зинедин Зидан им кажал дека не е заинтересиран и се очекува тој да стане следниот селектор на Франција. Клубот нема да тргне по Ралф Рангник, а вистината е дека со него се преговара од 2019 година и никогаш не успеале да најдат заеднички јазик.

Маурисио Покетино е можеби најреалната опција, но прашање е дали и тој би го прекинал договорот со ПСЖ за веднаш да дојде на „Олд Трафорд“. Брендан Роџерс исто така е на листата на желби, а тој има излезна клаузула од Лестер доколку добие понуда од клубовите кои настапуваат во Лигата на шампионите.
Меѓу кандидатите е и Хулен Лопетеги. Неговиот агент Жорге Мендеш, кој исто така го застапува и Кристијано Роналдо, секогаш ги нуди своите во најголемите клубови. Има уште двајца Шпанци чии имиња се вртат како можни кандидати, Унаи Емери и Ернесто Валверде.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
