
Манчестер Јунајтед го победи Вилјареал со 0-2 во петтото коло од Лигата на шампионите благодарение на головите на Кристијано Роналдо и на Џејдон Санчо.
„Ѓаволите“ од клупата ги предводеше Мајкл Карик, кој по заминувањето на Солскјер е в.д. тренер додека не се најде трајно решение.
Поранешната играчка ѕвезда на Јунајтед по натпреварот беше задоволен од епилогот.
„Дојдовме овде за да победиме. Верував дека ќе победиме, бевме подготвени за тоа вечерва. Тие се добар тим и те тераат да работиш на теренот. Момците мораа да покажат по малку од сè. Фред заврши фантастична работа, а кога Роналдо ќе добие можност, тогаш шансата ја претвора во уште еден гол на списокот”, рече Карик.
На крајот триумфот му го посвети на Оле Гунар Солскјер, кој доби отказ.
„Ова е одлична ноќ за играчите и за клубот. Победата му ја посветувам на Оле“, заврши Карик.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Арсенал го обнови интересот за Адемола Лукман

Интернационалци
Арменд Алими по 20 години се врати во Башкими

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
