Навивачот кој го погоди фудбалерот на Олимпиј Марсеј, Димитри Паје, со шише в глава на самиот почеток од дербито со Лион, ќе мора да одлежи шестмесечна затворска казна. Кривичниот суд во Лион му одреди казна затор на 32-годишниот Вилфрид Сериер, кој го загрози животот на фудбалерот. Мечот веднаш беше прекинат.
Сериер доби и условна казна од пет години да не го повтори делото, а во тој период има забрана за пристап на стадионот на Лион, со обврска да се јавува во полициска станица во деновите на натпреварите.
Обвинителот побара шест месеци затвор, како и петгодишна забрана на стадионот за 32-годишниот маж.
„Не знам што ми се случи во главата, потпднав на еуфоријата, не знам“, објасни тој пред судот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal