
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, нема решение како да го сопре аргентинскиот волшебник Лионел Меси. Тој призна дека не го знае начинот како да го неутрализира најдобриот светски фудбалер кој од оваа сезона го носи дресот на ПСЖ.
„Како да го сопреме Меси? Не знам. Тоа е многу тешко. Не можам да им кажам на моите играчи како да го спречат, бидејќи е многу непредвидлив. Драго ми е што продолжува да игра на тој начин. Ќе ми биде чест повторно да се соочиме еден со друг“, изјави Пеп Гвардиола на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар со ПСЖ.
Манчестер Сити по четири кола се наоѓа на врвот на табелата во групата А со девет бода, а ПСЖ има бод помалку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако
